"Кога ќе сретнете некого запомнете дека тоа е света средба. Како што гледате на него, така ќе гледате на себеси. Како што се однесувате кон него, ќе се однесувате кон себеси. Како што размислувате за него, така ќе размислувате за себеси. Никогаш не го заборавајте ова, бидејќи во него ќе се пронајдете себеси или ќе се изгубите себеси"- Курс на Чудата

За Нас

Оваа страна “за нас” би требало да ви ги каже сите причини зошто треба да работите со нас. Но, ние нема да ви кажеме дека ви е потребно да работите со нас. Вие имате внатрешен водич кој ви кажува што е најдоброто за вас. Како  што и погоре наведената мисла кажува, не постојат случајности, тоа е начинот како и ние пристапуваме во нашата работа и животи. Ние веруваме дека луѓето кои треба да се сретнат, ќе се сретнат; луѓето кои треба да работат заедно, ќе работат заедно.  

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Дозволете да ви кажеме малку повеќе за тимот кој стои зад Хармони и што е тоа што не мотивира да ја работиме работата која ја работиме.

Јасмина Ристеска Касшприковски

Прочитај повеќе...

Јагода Ристеска

Прочитај повеќе...

Во животот сѐ почнува од идеја. Така беше и со Хармони. Но, пред да се роди идејата за Хармони, се случуваше една вистинска животна битка: долгогодишна борба со анксиозност и панични напади, лутина и обвинувања кон другите, гледање на себеси како на жртва и отпор кон реалноста која ја живеевме.

На патот на нашето себеспознавање се среќававме со различни учења, луѓе и искуства, од кои научивме многу! Тоа што почна како лична потрага по поисполнет и посреќен живот, продолжи како давање поддршка на многумина други на нивниот пат кон себеспознавањето. Таа поддршка доби многу поубава форма во платформата за личен развој Хармони.

Хармони е простор каде што го споделуваме целото наше знаење и искуство. Информациите што ќе ги прочитате на оваа платформа и програмите што Ви ги нудиме тука се многу лични за нас. Тие, всушност, се покана за еден поинаков начин на живеење.

Ве покануваме да работиме заедно за да создадеме живот каков што заслужуваме сите да живееме!

Да растеме и да блеснеме преку себеспознавањето!

Со Љубов,

Хармони

©2019 by Harmony Personal Development Platform. Proudly created with Wix.com

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now