top of page
youtube-cover.png
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој
  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram
Животот ве разочарува бидејќи.png

Животот ве разочарува со цел да престанете да живеете во илузии и да ја видите реалноста. Животот уништува сè што е излишно, додека не остане само она што е важно. Животот не ве остава на мира, за да престанете да се опирате и прифатите сѐ како што е.

Животот го отстранува она што го имате додека не престанете да се жалите и постанете благодарни. Животот ви испраќа проблематични луѓе за да ви бидат огледало однадвор за она што го чувате во себе и на тој начин да ви помогне да заздравите.
Во животот одново и одново паѓате сѐ додека не одлучите да ја научите лекцијата. Животот ве извлекува од прав пат и ви сервира крстосници додека не ја скротите потребата за контрола и дозволите сѐ да тече како река. Животот ви дава непријатели сѐ додека не запрете да "реагирате". Животот ве плаши и преплашува онолку пати колку што е потребно да го изгубите стравот и вратите вербата.
Животот ја одзема вашата вистинска љубов и не ја одобрува до оној момент кога ќе престанете да ја купувате со ситни работи. 
Животот ве оддалечува од луѓето кои ги сакате до моментот кога ќе разберете дека ние не сме ова тело, туку душата што ја содржи. Животот ве исмева онолку пати додека не престанете да сте толку сериозни и да се смеете на себе. Животот ве крши на толку многу делови колку што се неопходни за продирање на светлината.
Животот ќе ви нуди бунтовници сè додека не престанете да контролирате. Животот ја повторува истата порака, дури и со викање и шлаканици, сè додека не го послушате. Животот ви праќа зраци и бури за да се разбудите. Животот ве понижува и ве поразува одново и одново додека не одлучите да го закопате вашето ЕГО . Животот не ви дозволува пари и слава додека не престанете да ги сакате и почнете да служите. Животот ги пресекува крилјата и крои вашите корење додека не ви требаат ниту крилја ниту корења туку исчезнувате низ формите и излетувате од Себството. Животот не ви дозволува чуда додека не разберете дека сѐ е чудо. Животот ви го скратува времето, па брзате да научите да живеете. Животот ви се потсмева додека не станете ништо, додека не станете никој, а така ќе станете сè.
Животот не ви го дава она што го сакате, туку она што ви треба за да растете и менувате. Животот ве повредува, ве мачи, додека не ги оставите каприците и бесот и почнете да го цените дишењето. Животот ги крие богатствата од вас додека не го започнете своето патување и излезете да ги барате. Животот не ви го дозволува Бога додека не го видите Бог во секого и сè. Животот ве крати, ве кастри, ве одзема, ве крши, ве разочарува, ве пукнува ... додека не остане само љубовта во вас"- Берт Хелингер

 

bottom of page