Да се Развиваме и Блеснеме преку Себеспознавањето

Добредојдовте во Хармони!

Светлинки,

Среќни сме што го пронајдовте патот до нас! Доколку го читате ова, значи дека веќе сте ја почнале Вашата потрага по поспокоен и поисполнет живот. Честитки!

Без разлика дали на ова место Ве донела некоја животна битка, која го има разнишано центарот на Вашето битие, или, пак, некој внатрешен поттик дека „мора да постои поинаков начин да се живее овој живот”, Вие сте на вистинското место! Вие сте на вистинското место, бидејќи не би можело поинаку да биде.

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Во животот сѐ почнува од идеја. Така беше и со Хармони. Но, пред да се роди идејата за Хармони, се случуваше една вистинска животна битка: долгогодишна борба со анксиозност и панични напади, лутина и обвинувања кон другите, гледање на себеси како на жртва и отпор кон реалноста која ја живеевме.

На патот на нашето себеспознавање се среќававме со различни учења, луѓе и искуства, од кои научивме многу! Тоа што почна како лична потрага по поисполнет и посреќен живот, продолжи како давање поддршка на многумина други на нивниот пат кон себеспознавањето. Таа поддршка доби многу поубава форма во платформата за личен развој Хармони.

Хармони е простор каде што го споделуваме целото наше знаење и искуство. Информациите што ќе ги прочитате на оваа платформа и програмите што Ви ги нудиме тука се многу лични за нас. Тие, всушност, се покана за еден поинаков начин на живеење.

Ве покануваме да работиме заедно за да создадеме живот каков што заслужуваме сите да живееме!

Да растеме и да блеснеме преку себеспознавањето!

 

Со љубов,

Хармони

Нашиот Пристап

Ние во Хармони веруваме дека единствен пат до вистинска среќа и спокој е да се превземе 100% одговорност за она што го гледаме, чувствуваме и доживуваме. Иако можеби обвинувањето на другите или  животот за нашата среќа ни донесува привремено олеснување, она што навистина се случува е дека не прави немоќни. Ние не можеме да промениме ништо и никого што е надвор од нас!

Кога се соочуваме со предизвици во животот, автоматската реакција на нашиот ум е да покаже прст и да обвинува други или самите нас. Дали ова навистина ни помага? Ја играме оваа игра на обвинување долго време и на крајот сите сме губитници. Време е да пронајдеме друг начин!

Превземањето на одговорност за сопствените реакции и среќа, ни дава избор и ни ја враќа моќтта. Да се превземе 100% одговорност исто така значи да не се обвинуваме ниту себеси, туку да разбереме дека не постои виновник.  

Една едноставна шега вели дека ако ја прашате гасеницата дали сака да стане пепрутка, ќе Ви одговори: „Нема шанса!“. Така е и со нас луѓето. Кажуваме „нема шанса“ секогаш кога сакаме да ја промениме реалноста, а одбиваме да се промениме самите себеси. Промената е возможна, но таа нема да се случи кога даваме отпор кон реалноста, туку кога се движиме со став на прифаќање и кога чекориме слободно. Затоа, прифаќањето на реалноста која ја живееме е, всушност, првиот чекор кон секое исцелување и промена.

Анксиозност и Панични Напади

Она на што се фокусираме, расте!

Дали сте фокусирани на Вашата иднина и дали сте загрижени за неа?Дали при Вашите панични напади сте убедени дека умирате, одново и одново?

Научете техники кои ќе Ви помогнат во секојдневното соочување со Вашата анксиозност и со паничните напади. Пронајдете ја причината зошто се појавила анксиозноста во Вашиот живот. Почнете да се менувате однатре и ќе забележите како се менува и реалноста која ја живеете.

Јас го научив ова за да си помогнам себеси и за да излезам од лавиринтот на сопствените стравови.

Можете и Вие!

Животен Коучинг

Среќниот Живот е Избор!

Дали некогаш сте имале разговор после кој сте се чувствувале збогатени со нова перспектива, после кој светот Ви изгледал посвеж?  Дали сте имале разговор после кој сте се чувствувале помоќни? Коучингот е токму тоа! 

Коучингот има моќ да ви помогне да го отклучите сопствениот потенцијал и да ви помогне да го живеете животот за кој што сонувате. Мојата работа е да ве водам низ внатрешен процес, преку поставување на вистинските прашања да си ги пронајдете своите одговори. 

Стапете во контакт денес и дадете си на себе си шанса да го изградите животот што посакувате да го живеете. 

Јас имам Проблем

Умот се прашува, Срцето знае!

Дали се чувствувате „заглавени“ во некоја ситуација што се случила одамна, а Вие сте сѐ уште немоќни да се ослободите од нејзиното влијание? Дали чувствувате дека би биле посреќни доколку луѓето во Вашиот живот се однесуваат поинаку? Доколку одговорот на овие прашања е потврден, оваа програма е за Вас!

Оваа програма ќе Ви помогне да го надминете сето тоа, така што ќе почнете да гледате поинаку на истите ситуации и луѓе. Таа Ви ја враќа моќта со тоа што Ве учи да преземете 100% одговорност за сопствените интерпретации на она што се случува.

Дајте си шанса да се ослободите од болката и да почнете да живеете од место на љубов!

Бизнис Коучинг

Успехот е Одлука!

Имате бизнис-идеја, но немате јасна визија како да ја остварите? Или веќе имате сопствен бизнис, но сакате да го проширите, да создадете подобри резултати или поздрава работна атмосфера за Вас и Вашите вработени?

Бизнис-коучингот може да Ви помогне во тоа!

Мојата работа е да Ви помогнам да ги ставите Вашите бизнис-аспирации на светлина за да се видите појасно и себеси, и Вашиот бизнис, и другите.

Дајте си шанса себеси да станете самосвесна бизнис-личност. Дајте му шанса на Вашиот бизнис да расте во посакуваната насока.

©2019 by Harmony Personal Development Platform. Proudly created with Wix.com