„Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истото размислување кое сме го имале додека сме ги создавале“ Др. Алберт Ајнштајн

За Програмата "Јас имам Проблем"

Дали се чувствувате „заглавени“ во некоја ситуација што се случила одамна, а Вие сте сѐ уште немоќни да се ослободите од нејзиното влијание? Дали чувствувате дека би биле посреќни доколку луѓето во Вашиот живот се однесуваат поинаку? Доколку одговорот на овие прашања е потврден, оваа програма е за Вас!

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Оваа програма не Ви нуди магично стапче со кое ќе ги промените луѓето и ситуациите во Вашиот живот за да се чувствувате посреќно. Оваа програма Ви нуди многу повеќе! Таа Ви помага да си ја вратите моќта преку преземање 100% одговорност за тоа што го гледате, чувствувате или правите. Програмата ќе Ви помогне да го промените својот живот, така што ќе го промените начинот на кој согледувате одредени ситуации и луѓе.

 

Оваа програма е создадена да Ви биде пријателски потсетник дека не сте жртва на Вашите животни околности, туку дека токму Вие сте одговорни за сопствената среќа и за сопствениот внатрешен мир. Тренерот кој ќе работи со Вас е обучен да Ве води низ процес преку кој повторно ќе ги посетите местата на болка во Вашиот ум, кои како живи рани ги носите со Вас со денови, со години или, пак, со децении.

За поголем комфор, сите сесии се одржуваат онлајн преку скајп или друг медиум по заеднички избор.

 

За кого е оваа програма?

 

Оваа програма е наменета за ониe што страдале доволно!

Сите ние, за да имаме внатрешен мир, би сакале да се променат другите луѓе или околностите во нашите животи. Стремежот да бидеме во право е дел од искуството да се биде човечко битие. Но само кога доволно ќе пострадаме како резултат на стремежот да бидеме во право, така што ќе ги нарушиме меѓучовечките односи со нашите блиски, ќе се отвораме кон можноста дека мора да постои поинаков начин да се живее овој живот. Ова е моментот кога започнува вистинскиот личен развој. Ове е моментот кога оваа програма може да Ви помогне.

Оваа програма е покана да се погледнете однатре. Отпорот којшто го чувствувате кон другите луѓе или кон себеси не е тука за да Ве казни, туку да Ви помогне да созреете. Дали сте подготвени за созревање?

Што можеш да очекуваш?

Сесиите ќе Ви овозможат да работите на конкретна животна ситуација која Ви предизвикува болка. Без разлика дали се соочувате со нешто што се случува сега во Вашиот живот или, пак, станува збор за ситуација од минатото која сѐ уште Ве држи како затворник во своите канџи, Вие заслужувате да си дадете оддишка!

Тренерот кој ќе работи со Вас е обучен преку низа техники да Ви помогне да се погледнете појасно и со разбирање и себеси, и Вашиот живот, и ситуациите. Процесот низ кој ќе поминете ќе Ве потсети дека постојат повеќе начини да погледнете на сопствениот живот и да живеете од место на љубоб.

Коучот со кој ќе работите е обучен со низа техники за да ви помогне да се видите себеси, вашиот живот и ситуации со поголема јасност и разбирање. Процесот низ кој ќе минете ќе ве потсети дека постојат повеќе начини да погледнете на сопствениот живот и да живеете од место на љубов.

Во текот на сесиите би биле користени следните методи:

  •  Работата на Бајрон Кејти

  •  Процес на простување во 6 чекори

  •  Семејни констелации

  •  Водени визуализации

Со кого ќе работам?

Јасмина Ристеска Касшприковски

Прочитај повеќе...

Јагода Ристеска

Прочитај повеќе...

Колку ќе ме чини?

Првата воведна сесија е бесплатна. Оваа 45 минутна сесија е можност да се запознаете со својот коуч, пред да одлучите да работите заедно. Во текот на воведната сесија ќе се дискутира во која насока сакате да работите. 

Можете да ја купите секоја индивидуална сесија одделно. Сесијата е со траење од 60 минути и чини 25 евра. Исто така, може да се одлучите за купување на пакет од 3 сесии однапред. Во овој случај, добивате  попуст на цената и наместо 75 евра плаќате 60 евра. 

* Во зависност од ситуацијата на која сакате да работите, во текот на воведната сесија ќе ви посочи колку сесии би ви биле потребни за да имате најдобри резултати.

Во текот на резервирањето, ве молиме изберете помеѓу следните две опции

25 Евра

Индивидуална Сесија

60 Евра

Пакет од 3 сесии

Забелешка: Резервирањето и наплатата на сесиите се врши преку онлајн системи и е на англиски јазик. Доколку преферирате да резервирате на македонски јазик, кликнете тука

Во случај на откажување на сесија во период помалку од 24 часа, ќе биде наплатен целиот износ.

Стипендија

 

Тимот на Хармони тежнее програмата да биде достапна за секој којшто има потреба од неа, вклучувајќи ги и лицата кои не се во можност да ги покријат трошоците. Хармони редовно поддржува одреден број клиенти преку доделување целосна или делумна стипендија.

Доколу верувате дека оваа програма е вистинскиот избор за Вас, а, сепак, не можете да се вклучите во неа поради финансиски причини, Ве охрабруваме да ја пополните следната апликација за стипендија. Нашиот тим ќе ја разгледа Вашата апликација и ќе Ве контактира во најкус можен рок.

©2019 by Harmony Personal Development Platform. Proudly created with Wix.com

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now