top of page

Прочитајте за искуството на Ива од работата со личниот тренер Јагода Ристеска, од програмата Јас имам Проблем

- Пред да започнете со програмата, што се надевавте дека ќе ви донесе?

 

Одговор: Програмата ја започнав навистина многу оптимистички, бидејќи имав многу позитивни очекувања зашто бев решена да вложам во себеподобрување.

 

 

- Што е тоа во програмата кое ви остави најсилен впечаток?

 

Одговор: Позитивниот и навистина топол однос од страна на Јагода, која секогаш беше отворена за да ги сослуша моите тегоби.

 

- Земено во целина, колку програмата ги исполни вашите очекувања?

 

Одговор: Ќе бидам најискрена дека Програмата ги надмина моите очекувања и од се срце ја препорачувам на секој оној кој се наоѓа во иста или слична ситуација како јас, ситуација во која мисли дека се наоѓа на некоја безизлезна раскрсница, од каде незнае на каде да тргне.

 

 - Што е тоа што го научивте во програмата што ќе ви послужи понатаму во животот?

 

Одговор: Најважно од се е што првенствено почнав да се осознавам себеси, и со текот на вежбите и работата открив на кој начин можам да се подобрувам и да се сакам себеси, а не тоа да го барам и очекувам да го прават останатите околу мене.

 

- Која е вашата порака за луѓето кои се во слична ситуација како вас и размислуваат дали да се вклучат во програмата?

 

Одговор: Секогаш во животот сум била искрена и отворена, така ќе биде и овојпат.

Програмата најискрено ја препорачувам на секој оној кој се наоѓа во некоја слична ситуација, бидејќи сум доказ дека од истата ќе излезе со отворени видици првенствено кон себе, а понатака и кон животот и луѓето околу себе.

bottom of page