
Прочитајте го интервјуто со Ирена од Скопје, која ја заврши програмата Анксиозност и панични напади:
-
Колку долго доживуваше анксиозност пред вклучување во програмата?
Одговор: 1 месец.
-
Што точно доживуваше?
Одговор: Панични напади, чувство дека полудувам, депресија...
-
Како реагираше кога доживуваше анксиозност и панични напади пред програмата?
Одговор: Бурно.
-
Дали користеше лекарства за состојбата?
Одговор: Не.
-
Како ја најде програмата на Хармони?
Одговор: Видов интервју на телевизија.
-
Земено во целина, колку програмата ги исполни твоите очекувања?
Одговор: Не влегов со некои очекувања, но сум задоволна од програмата.
-
Кој дел од програмата најмногу ти помогна (техниките, презентациите за промена на начинот на размислување, разговорот, друго)?
Одговор: Разговорот, поддршката како и презентациите и техниките.
-
Дали после завршувањето на програмата, се чувствуваш посилен/на да се соочуваш со својата анксиозност?
Одговор: Да.
-
Дали после завршувањето на програмата сеуште доживуваш панични напади? Доколку да, дали со ист или помал интензитет отколку пред програмата?
Одговор: Да, но со помал интензитет.
-
Дали би ја препорачала програмата на близок кој доживува анксиозност?
Одговор: Да, дефинитивно.
-
Конструктивна критика, што ти сметаш дека треба да се промени во програмата, да се додаде или одземе? (Ја цениме искреноста бидејќи тоа ни помага да ја унапредиме самата програма)
Одговор: Не знам што би сменила, се е во ред, можеби евентуално фали личен контакт.
-
Совети и насоки до другите кои доживуваат анксиозност и панични напади?
Одговор: Не се сами, има решение, само треба да бидат упорни и да сакаат да го решат проблемот. Оваа програма е одличен почеток кон нов начин на размислување.