top of page
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој

Дали доживувам анксиозност?

 

(Проверете ги Вашите симптоми)

Во одредени моменти сите луѓе доживуваат анксиозност и паника. Тие се нормална реакција во стресни и опасни ситуации. Сепак, кај некои луѓе чувството на страв и паника се јавува редовно, и тоа често без очигледна причина.

 

Анксиозноста е чувство на вознемиреност и може да се движи од умерена до изразена вознемиреност. Анксиозноста е придружена од различни непријатни симптоми, кои кај различни луѓе различно се манифестираат.

Дали се соочувате со некои од овие симптоми:

  • чувство и мисла дека умирате;

  • вртоглавици;

  • силно срцебиење (тахикардија);

  • неможност за нормално дишење;

  • замор;

  • слабост во нозете;

  • напнатост и болки во мускулите;

  • прекумерно потење;

  • болка и стегање во градите;

  • честа потреба за тоалет;

  • треперење;

  • чувство дека ќе ја изгубите свеста;

  • стегнато грло;

  • проблеми со спиење (несоница);

  • здрвеност во одредени делови на телото (дланките, јазикот итн.);

  • чувство дека не сте поврзани со своето тело.

 

Највисок степен на анксиозност претставуваат паничните напади. Тие можат да предизвикаат тешкотии во секојдневното функционирање (одење на работа или на училиште, социјализирање со семејството и со пријателите и сл.). Можно е да почнете да избегнувате одредени ситуации плашејќи се дека тие ќе иницираат уште еден напад. Ова може да создаде циклус на живеење во „страв од стравот”.

Колку често се случуваат нападите зависи од индивидуата. Некои луѓе имаат еден или два напада месечно, други, пак, доживуваат и по неколку напади на ден. Иако паничните напади се застрашувачки, тие не се опасни и не можат да предизвикаат никаква физичка штета.

* Доколку сеуште не сте го провериле своето физичко здравје, силно се препорачува најпрво да го направите тоа. На тој начин, ќе го отфрлите сомнежот за можна физичка здравствена состојба и ќе бидете посигурни во она што го доживувате.

 

Зошто доживувам анксиозност?

 

Анксиозноста е сигнал (аларм) дека несвесно се повредуваме самите себе и дека нешто треба да се промени во нашиот живот. Анксиозноста доаѓа како резултат на негативниот начин на размислување кој, исто така, го развиваме несвесно во тек на животот. Како последица на тоа почнуваме да стануваме премногу фокусирани и загрижени за нашата иднина или, пак, покажуваме отпор кон прифаќањето на реалноста што ја живееме.

Анксиозноста е повик за промена на стариот, себеповредувачки начин на размислување и живеење. Анксиозноста е тука да нѐ научи колку сме силни и прекрасни и како да го живееме својот живот посреќно.

Како да се спротиставите на анксиозноста и на паничните напади?

 

Едноставно, не се спротивставувајте! Кога се бориме со нешто, ние се фокусираме на него, а она на што се фокусираме, постојано расте!

Не сакате да се зголемат Вашите стравови? Тогаш прифатете ги и објаснете му на Вашиот, во тој момент, збунет ум дека искусувате анксиозност, дека, иако се чувствувате лошо, тоа е безопасно и дека многу луѓе поминуваат низ истата ситуација.

Започнете свесно да ги менувате Вашето разбирање за животот и Вашите реакции кон различните животни ситуации. Така, анксиозноста и паничните напади ќе почнат бавно, но природно да исчезнуваат.

Како ние можеме да ве поддржиме?

 Нашата програма, Јас Доживувам Анксиозност  овозможува директна поддршка од личен тренер во текот на 5 месеци. Ве молиме, прочитајте повеќе за програмата и закажете ја Вашата бесплатна бесплатна сесија.

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram
anxiety-1337383.png
bottom of page