top of page
Лого составено од Цветот на животот, до него испишано Хармони, Платформа за Личен Развој

Најчести симптоми кај лицата со Анксиозност во Врските

или

Опсесивно Компулсивно Нарушување во Врските

Анксиозноста може да се појави во било кој аспект во животот, вклучително здравјето, кариерата, родителството или љубовните врски. Доколку се соочувате со анксиозност во љубовните врски, многу е веројатно дека сте лице кое става големо значење на љубовните врски и при изборот на партнер вашиот ум е алармиран да биде многу претпазлив. Анксиозност во врските или Опсесивно Компулсивно Нарушување (ОКН) во врските претставува состојба која се карактеризира со интензивен страв и несигурност, давајќи чувство на сомнеж дека нешто не е во ред со врската иако не постојат реални причини за истото. 

Иако дијагностицирањето може да се изврши само од стручно лице, постојат прашања кои можете да ги одговорите за да ги препознаете симптомите со кои се соочувате. Одговорете на следниве прашања и доколку одговорот е да на поголемиот број на прашањата, многу е веројатно дека се соочувате со Анксиозност во врската или Опсесивно Компулсивно Однесување (ОКН) во врската.

1. Дали тестирате колку сте привлечени кон партнерот, споредувајќи дали можеби некои други лица ви се чинат попривлечни од него/неа?
 

2.Дали се преоптеретувате со одредени физички несовршености на партнерот? На пример, носот е преголем, вилицата е преизразена, гледате несразмерност во ликот или телото?

3. Дали се опседнувате со одредени каратктеристики на партнерот, анализирајќи колку ви е здодевно или забавно, колку се интелегентни или не, колку сте компатибилни или не?

4. Дали не се впуштате во љубовна врска заради тоа што ви се чини дека никој не е доволно добар/добра за вас?

5. Дали одбегнувате врската да премине во следното ниво, на пример заедничко живеење, веридба или брак?

6. Дали се прашувате колку сте среќни во врската, обидувајќи се да утврдите колку би биле среќни во иднината со тој партнер покрај вас?

7. Дали опсесивно ги тестирате своите чувства кон партнерот? На пример кога сте заедно се прашувате дали навистина го/ја сакате или кога не сте заедно се прашувате зошто повеќе не ви недостасува?

8. Дали ја споредувате вашата врска со другите, анализирајќи дали тие се позаљубени, посреќни и поконектирани отколку вие со вашиот партнер?

9. Дали сте несигурни дека сте го избрале вистинскиот партнер и ви е потребна потврда дека сте направиле вистински избор? На пример, други луѓе да ви посочат колку си одговарате со вашиот партнер.

10. Дали очајно барате одговори на интернет, сакајќи да дознаете што не е во ред со вашата врска и со тоа како се чувствувате?

11. Дали ја споредувате сегашната врска со претходните врски, особено кога било забавно и интересно и се обидувате да споредите дали и со овој партнер така се чусвтвувате?

12. Дали опсесивното размислување околку партнерот и врската ви ја нарушува сексуалноста и интимноста?

13. Дали одбегнувате да кажете "те сакам" се додека не сте комплетно сигурни дека така се чувствувате или пак кога ќе му кажете на партнерот дека го сакате, се преиспитувате колку сте искрени?

14. Дали ги ставате интересите на партнерот под лупа и ги споредувате со сопствените за да се осигурате дека сте доволно компатибилни за заедничка иднина?

15. Дали многу често размислувате за раскинување со партнерот?

Во секоја здрава љубовна врска мала доза на сомнеж и преиспитување е присутна и потребна. Кај лицата кои се соочуваат со анскиозност или ОКН во врските, сомнежот и анализите се драстични, опсесивни и создаваат голема доза на дискомфорт кој го нарушува нормалното функционирање во врската и секојдневието воопшто.

Прочитајте повеќе тука

bottom of page