“Во животните кризи на поединецот, изгледа делува само една работа, а тоа е директно да се свртиме во правец на мракот што доаѓа, без предрасуди и сосема отворено и да се обидеме да откриеме што е неговата тајна цел и што тој сака од нас”. – Др. Карл Јунг

  • Facebook
  • YouTube
  • Instagram

Дали сте фокусирани на Вашата иднина и дали сте загрижени за неа?

Дали при Вашите панични напади сте убедени дека умирате, одново и одново?

Начинот на кој сме воспитувани, стресот, неизвесноста и динамиката на модерниот начин на живеење придонесуваат анксиозноста да стане постојан придружник на многу луѓе.

Анксиозноста е чувство на вознемиреност и страв без јасна причина, кое се манифестира преку повеќе непријатни физички и психички симптоми

Честопати, анксиозноста се поистоветува со страв. Сепак, постои јасна разлика помеѓу реалниот страв, кога опасноста е рационална и присутна во одреден момент, и анксиозноста, како состојба на доживување на нереален страв.

Карактеристика за лицата коишто искусуваат анксиозност е да бидат фокусирани и загрижени за својата иднина. Моментот кога анксиозноста кулминира и кога почнуваат да се манифестираат физички тегоби се нарекува паничен напад.

Анксиозноста која го попречува нормалното функционирање и редовното доживување панични напади се јасен сигнал дека на единката ѝ е потребна помош во соочување со анксиозноста.

За поголем комфор, сите сесии се одржуваат онлајн преку скајп или друг медиум по заеднички избор.

Како може да Ви помогне оваа програма?

Програмата која Ви ја нудиме е развиена како резултат на повеќегодишно лично искуство на тренерот кој ќе работи со Вас во справувањето со анксиозност и панични напади. Исто така, програмата е и плод на обемно истражување и бројни тренинзи како да се надмине анксиозноста.

Не постои магичен трик со кој можат да се избришат анксиозноста и паничните напади. Надминувањето на овие состојби бара самодисциплина и работа на самите себе.

Дали сте Подготвени?

Во период од пет месеци ќе работите директно и индивидуално со Вашиот тренер.

 

  • Ќе научите техники кои ќе Ви помогнат да се соочувате со својата анксиозност и со паничните напади во секојдневието.

  • Ќе работите на откривање на причините за појавата на Вашата анксиозност.

  • Ќе почнете да развивате нов начин на размислување и нов пристап кон животот, што ќе Ви подари слобода и спокој во умот и душата.

  • Ќе Ви помогне да ги прегрнете својот живот и својата иднина со љубопитност и позитивна возбуда.

Темите кои ќе бидат детално разработувани во текот на сесиите се следните:

Учење на техники за справување со секојдневната анксиозност и панични напади 

Разбирањето зошто анксиозноста се појавува е клуч кон исцелувањето

Како да го пресретнеме Дрдоркото во нашите глави

Отпорот наспроти Прифаќањето на Реалноста 

Учење на процесот на Дозволување  и Ослободување

Замена на Загриженоста со Љубопитност

Живеење во Сегашниот момент  

Враќање на Моќтта кон самите себе

Доколку сметате дека оваа програма може да Ви помогне во соочувањето со Вашите стравови и со анксиозноста, резервирајте бесплатна воведна сесија. 

Оваа 30-минутна сесија ќе Ви помогне лично да се запознаете со тренерот, кој ќе Ви даде повеќе детали за самата програма и ќе Ви помогне во донесувањето вистинската одлука.

Заради поголема флексибилност и комфор, сите сесии се оддржуваат онлајн преку Skype, Messenger или друг канал по заеднички избор.

За сите дополнителни прашања, чувствувајте се слободно да нѐ контактирате.

Со кого ќе работам?

Јасмина Ристеска-Касшприковски е родена во Скопје, 1979 година. Таа е магистер по Меѓународен менаџмент на човечки ресурси, на Кингстон Универзитетот во Лондон.

Со анксиозноста како искуство прв пат се соочува на 24-годишна возраст. Тоа е почеток на нејзината неколкугодишна битка со стравовите и паничните напади. Прочитајте ја нејзината лична приказна.

Паралелно со когнитивната и бихевиоралната психотерапија, таа почнува самостојно да истражува како може да си помогне себеси. Ова поттикнува цел процес на психолошка трансформација, преку кој бавно се менува и таа како личност, но и нејзиниот живот.

Покрај самостојното учење, таа завршува и голем број обуки за личен развој во Европа и во светот, вклучувајќи ги: Event Wise Personal Development Programme (Холандија, 2014 година), SPARKS Transformational Personal Development Programme (Велика Британија, 2016 година), The Work of Byron Katie (Германија, 2017 година), Толкување на соништата (2018 година) итн.

Во последните неколку години таа е постојано на релација Скопје - Лондон, каде што живее со својот сопруг и каде што работи како тренер.

Колку ќе ме чини?

Првата воведна сесија е бесплатна. Оваа 30-минутна сесија е можност да се запознаете со својот тренер пред да одлучите да работите заедно со него. Одлуката за вклучување во програмата ја донесувате по воведната сесија.

Постојат две можности за купување на програмата.

Можете да ја купите целата програма како пакет, кој вклучува 6 работни и 3 дополнителни сесии во наредните три месеци по завршувањето на програмата. Топло Ви ја препорачуваме оваа опција бидејќи вака конципираната програма претставува комплетен процес, а нејзиниот успех и нејзината полезност за Вас ќе зависат во голема мера од нејзиното комплетирање.

Дополнително, со купување на целиот пакет однапред, добивате намалување на вкупната цена од 225 евра, и плаќате 180 евра.

Исто така може да се одлучите и за купување на индивидуални сесии. Траењето на секоја сесија е 45/60 минути и чини 25 евра.

Во текот на резервирањето, ве молиме изберете помеѓу следните две опции

25 Евра

Индивидуална Сесија

180 Евра

Целата Програма

Забелешка: Резервирањето и наплатата на сесиите се врши преку онлајн систем и е на англиски јазик. Доколку претпочитате да резервирате на македонски јазик, притиснете тука

Во случај на откажување на сесија во период покус од 24 часа, ќе биде наплатен целиот износ.

 

Стипендија

 

Тимот на Хармони тежнее програмата да биде достапна за секој којшто има потреба од неа, вклучувајќи ги и лицата кои не се во можност да ги покријат трошоците. Хармони редовно поддржува одреден број клиенти преку доделување целосна или делумна стипендија.

Доколу верувате дека оваа програма е вистинскиот избор за Вас, а, сепак, не можете да се вклучите во неа поради финансиски причини, Ве охрабруваме да ја пополните следната апликација за стипендија. Нашиот тим ќе ја разгледа Вашата апликација и ќе Ве контактира во најкус можен рок.

©2019 by Harmony Personal Development Platform. Proudly created with Wix.com

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now