
Прочитајте го интервјуто со Елена од Кочани, која ја заврши програмата Анксиозност и панични напади:
-
Колку долго доживуваше анксиозност пред вклучување во програмата?
Одговор: 1 и пол месец во 2020. Во 2018, период од 3 месеци, и во 2016 и 2017 исто така.
-
Што точно доживуваше?
Одговор: Најмногу тахикардија, несоница, ладна пот, немање концентрација, негативни мисли. И проблеми со желудникот.
-
Како реагираше кога доживуваше анксиозност и панични напади пред програмата?
Одговор: Плачев, се прашував зошто ова ми се случува.
-
Дали користеше лекарства за состојбата?
Одговор: Чаеви, валеријана и маточина.
-
Како ја најде програмата на Хармони?
Одговор: На интернет барав и ги најдов видеата со техники.
-
Земено во целина, колку програмата ги исполни твоите очекувања?
Одговор: Да, ми ги исполни очекувањата, ме научи техники, сега знам дека стравовите што ги доживував се нереални.
-
Кој дел од програмата најмногу ти помогна (техниките, презентациите за промена на начинот на размислување, разговорот, друго)?
Одговор: Разговорот, техниката со задржување на здивот и дијафрагмично дишење. Медитациите.
-
Дали после завршувањето на програмата, се чувствуваш посилен/на да се соочуваш со својата анксиозност?
Одговор: Да, и кога се плашам, си кажувам на себе си нека биде што треба да биде.
-
Дали после завршувањето на програмата сеуште доживуваш панични напади?
Одговор: Панични напади не, но зголемена анксиозност да, само моментално во стресни ситуации.
-
Дали би ја препорачал/а програмата на близок кој доживува анксиозност?
Одговор: Да
-
Конструктивна критика, што ти сметаш дека треба да се промени во програмата, да се додаде или одземе? (Ја цениме искреноста бидејќи тоа ни помага да ја унапредиме самата програма)
Одговор: Немам критика, како утеха ми беше да разговарам, да ги слушам советите и насоките кои ги добивав.
-
Совети и насоки до другите кои доживуваат анксиозност и панични напади?
Одговор: Стравовите се нереални, иако ни дишат над нас. Нема никаква опасност, искажете се себе си. Иако непријатни, симптомите се нереални и ќе поминат. После дождот доаѓа сонце.